Манчестер Сити конечно се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. Под водство на Пеп Гвардиола „Граѓаните“ три пати не го поминуваа четвртфиналето, но оваа година успеаа. Ја елиминираа Борусија Дортмунд и ќе одат на мегдан со ПСЖ за влез во финалето.

Ова многу значи за мене, за екипата, за клубот. Среќни сме што за прв пат изборивме место во полуфиналето на ЛШ. Вечерва покажавме карактер, не игравме добро во првите 15 минути, се мачевме да освоиме топка, да поврземе акција, не бевме храбри и се плашевме да не го загубиме тоа што го имавме. Кога го примивме голот веќе почнавме да играме како што треба. Нашата цел во второто полувреме беше да постигнеме гол, токму тоа го направивме и се вративме во игра. Потоа го свртевме резултатот, токму тоа што го сакавме. Покажавме дека сме спремни за полуфинале“, изјави Илкај Гундоган.