Димитар Караџовски е новото засилување на Работнички пред главните битки за двете титули во домашниот шампионат.

Искусниот плејмејкер се враќа во дресот на најтрофејниот кошаркарски колектив по пауза од две години. Тој играше за Работнички во период од 2018 до 2019 година,по што замина во Кожув.

Сега токму од овој тим се враќа во црвено-белиот дрес.

Работнички е во серија од шест победи во низа, денеска го совлада МЗТ Скопје.

Караџовски ќе биде одлично освежување за составот на Димитар Мираковски.