Реал Мадрид влезе во полуфиналето на Лигата на шампионите откако вечерва на „Енфилд“ одигра без голови против Ливерпул и со тоа ја сочува предноста од 3:1 од првиот меч. Ливерпул може да жали што не го турна кралскиот клуб вечерва затоа што имаше убави шанси за тоа. И покрај иницијативата, офанзивната игра и шансите, играчите во црвено не успеаа да го погодат голот на Куртоа.

Ливерпул сега се врти на домашните обврски, додека Реал ќе се спрема за полуфинален меч со Челзи.