Зоран Арсов, тренер на многу млади генерации во фудбалот, почина на 54-годишна возраст како последица од коронавирус. Арсов беше запаметен што долги години беше дел од младинските категории на Цементарница, и од таму произлегоа многу фудбалски таленти.

Арсов беше поранешен фудбалер на Вардар, а во својата кариера покрај младите категории на Цементарница, успешно ги водеше и младинските тимови на Еуромилк, Академија Пандев… Кратко беше и на клупата на сениорскиот тим на Цементарница.

Со младите категории освои многу трофеи како на домашна, така и на меѓународна сцена.