Легендарниот холандски фудбалер Кларенс Сидорф, кој играше за Реал Мадрид, Интер и Милан, предлага едно правило во фудбалот кое е во најмала рака „бизарно“.

Холанѓанецот предлага да се забрани покривањето на устата со раката на фудбалерите кога разговараат меѓу себе.

„Разговараме за спорт, тој мора да биде транспарентен, па зошто тогаш би покривал уста ако има нешто да каже“, рече Сидорф.

„Ако разговарам со мојот тренер или мој соиграч, се е во ред, ама ако му се обраќам на судијата, зошто би ја покривал устата?“, изјави Холанѓанецот.