Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер даде интересна и чудна теорија за послабата форма на неговата екипа кога игра на „Олд Трафорд“. „Ѓаволите“ досега загубија четири пати во Премиер лигата, а во Лига Европа нема победа откако запиша ремија против Сосиедад и Милан. Според Солскјер црвените банери во првите редови на стадионот кои до пред некое време ги покриваа празните столчиња, пречеле во ориентацијата на неговите играчи. Затоа тие црвени банери сега се заменети со црни.

Ако сега ги погледнете банерите кои се најблиску до теренот, ќе забележите дека тие веќе не се црвени. Тоа реално не би требало да биде причина за нашата послаба форма на домашен терен, но некои играчи се пожалија на тие банери. Кога треба да подадат по страничните позиции, не можеле да ги разликуваат своите соиграчи во црвени дресови и црвените банери. Затоа ги променивме“, изјави Солскјер.

Манчестер Јунајтед утре на „Олд Трафорд“ го игра реваншот од четвртфиналето на Лига Европа против Гранада. „Ѓаволите“ имаат предност од 2:0.