Во последното коло од квалификациите во футсал, Македонија загуби катастрофално од Романија со 9:1. Низ целосна доминација, Романците уште во првиот дел го решија победникот, а Македонија настапи без стандардните футсалци, со оглед дека овој меч немаше никакво значење за нашата селекција.

Романија поведе уште во 34. секунда, а до полувремето имаа предност од 6:0.

Головите за Романците ги постигнаа Филипе Оливеира (3), Рибеиро (2), Валарадеш (2) и по еден Фереира и Шоч. Единствениот гол за Македонија го постигна Петровиќ.

Ова беше прва победа за Романија, а Македонија ја заврши групата без победа, со две ремија и четири порази.