Олимпијакос од Никозија каде што тренер е македонскиот стручњак Чеде Јаневски е на чекор до финалето на Купот на Кипар. Денеска „зелено-црните“ го победија АЕЛ Лимасол со 4:2. Избраниците на Јаневски до самиот финиш имаа и водство од 4:1 меѓутоа примија гол во 90-тата минута и разликата остана на два гола. За АЕЛ првото полувреме го одигра македонскиот интернационалец Давор Здравковски.

Во другото полуфинале Анортозис со 1:0 го совлада АПОЕЛ.

Реваншите се на 21 април.