Шкендија на домашен терен ja победи екипата на Академија Пандев (1:0) во 27. коло и е на чекор до титула во македонското фудбалско првенство. Тренерот Ернест Ѓока по триумфот на неговиот тим изрази задоволство од екипата и потенцира дека оваа е таа форма што тој ја посакувал.

Секој натпревар е тежок, секој меч е специфичен сам по себе, плус и напорниот ритам си го прави своето. Но важно е што победуваме и освојуваме три бода. Задоволен сум од формата на овој тим, овој е тој ритам што го барам. Одушевен сум не само од оние играчи кои стартуваат на теренот, туку и оние кои влегуваат од клупата. Тоа е она што го барам. За секој меч имаме план А и план Б. Различните формации на противникот ни направија проблем, но ние променивме план и дојдовме до победа“, изјави Ѓока.