Шпанските медиуми вечерва пренесуваат дека Флорентино Перез е под жесток притисок од јавноста да си поднесе оставка од функцијата претседател на Реал Мадрид, поради се поизвесниот „крах“ на Супер Лигата која веројатно вечерва и официјално ќе се „распадне“ уште пред да почне.

Перез требаше да биде претседател на Лигата, откако е наводен иницијатор на т.н. Супер Лига на која се придружија 12 клубови, но веќе најмалку четири најавија дека ќе го откажат учеството.

Андреа Ањели од Јувентус, и Ед Вудворд од Манчестер Јунајтед наводно ќе си заминат од челните позиции откако пропадна проектот наречен „Супер Лига“.