Манчестер Јунајтед вечерва потврди дека првиот човек на клубот Ед Вудворд, заминува од „Олд Трафорд“ на крајот од 2021 година.

„Јас сум горд што работев во најдобриот клуб во последните 16 години. Клубот е добро позициониран за во иднина, и на крајот од годинава заминувам“, истакна Вудворд.

Сето ова доаѓа по најавите за учество на тимот во Супер Лигата, но веројатно тоа нема да се случи затоа што клубовите веќе најавуваат поништување на таа идеја.