Челзи одигра без голови во дуелот со Брајтон вечерва во 32. коло од Премиерлигата, и се „лизна“ на патот кон четвртото место на табелата. „Сините“ пропуштија можност да избегаат на Вест Хем, но не успеаја.

Челзи имаше повеќе од играта, но и Брајтон на моменти возвраќаше. Најсериозната прилика ја имаше токму гостинскиот тим преку Велбек кој ја погоди стативата.

Сепак, главниот настап на овој меч се случуваше пред мечот, каде пред стадионот се собраа навивачи да го искажат револтот за учество на нивниот тим во Супер Лигата. Па така Челзи истакна дека ќе отстапи од учество.