Навивачите на Баерн Минхен подготвија петиција со која сакаат да го избркаат спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ. Босанецот е на удар на фановите поради тоа што се сврте против тренерот Ханси Флик, кој, пак, ја има поддршката од симпатизерите.

Флик најави заминување од таборот на „Баварците“ по крајот на сезоната, а сето тоа резултираше со револт на навивачите кои застанаа зад Флик.

На Салихамиџиќ му замеруваат тоа што не го консултира Флик при носењето на нови имиња, а и потрошил многу пари на играчи кои што не покажаа ништо засега во таборот на Баерн. Меѓу ни е и Лерој Сане.