После најавите дека Челзи и Манчестер Сити, а по нив дека и Атлетико Мадрид истапуваат од Супер Лигата, се јавија и од Ливерпул. И тие веќе ги подготвуваат документите за истапување од т.н. Супер Лига.

Тоа значи дека од овој проект ќе нема ништо, а веројатно истото ќе го сторат и Јувентус и Манчестер Јунајтед, откако Ањели и Вудворд си поднесоа оставки од функциите.

Барселона, пак, се огласи дека за такво нешто ќе ги прашува фановите. А фановите главно се против…

Навивачите на клубовите веќе тргнаа во бојкот и осамнаа со транспаренти против, па така Челзи прв попушти под притисокот, а по него следуваа и другите…