Сите убави зборови се потрошени, сите прекрасни епитетити исто се потрошени. Немаме веќе со што да го опишеме фантастичниот успех и блескавото достигнување на нашиот најдобар фудбалер во Серија А.

А се започна на 07.12.2003 година кога како член на Анкона, тогаш непознатиот Горан Пандев, го даде својот прв гол во Серија А, и тоа на гостувањето кај Болоња. Неговата Анкона загуби со 3:2, но вечно ќе се памети првенецот на Пандев во Серија А.

Следуваа головите за Лацио, Интер, Наполи и сега за Џенова.

И така уште 99 пати…

БРАВО МАЈСТОРЕ…

НЕКА Е ЧЕСТИТО “СТОТКАТА“…