Сите шест англиски клуба се откажаа од учество во Супер Лигата, само два дена откако се формираше.

Манчестер Сити, па потоа Ливерпул, и останатите четири Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем и Челзи одлучија да не  настапуваат во Супер Лигата, пишуваат медиумите.

На ред се сега италијанските, а најавите се дека Милан веќе донел одлука да се откаже. Со тоа се чини и официјално Супер Лигата е “мртва”. Вечерва имаше и состанок на кој англиските екипи му сооппштиле на Перез дека нема да учествуваат.