Лошите прогнози за повредата на Илија Несторовски се потврдија. Македонскиот репрезентативец ќе мора да оди на операција, ова значи дека дефинитивно нема да настапи на историското Европско првенство.

Како што информираат италијанските медиуми, денешните прегледи во Рим кај професорот Маријани потврдиле дека ќе мора на операција на вкрстените лигаменти. Оваа повреда бара пауза најмалку од шест месеци, што значи дека нема да се исполни големиот сон – настап на ЕУРО.

Тој се повреди пред три дена, Удинезе објави дека за него е завршена сезоната.