Се наближува 11 јуни, стартот на ЕУРО 2020 на кое и нашата Македонија за првпат во историјата ќе биде дел од европскиот фудбалски “крем“. Нашите фанови, нашата Фудбалска федерација на секој начин гледаат да им помогнат, да им дадат поддршка на Пандев и компанија како тие би одиграле како што знаат и умеат.

Па така ФФМ на своите социјални мрежи објавува дека по повод настапот на ЕУРО на Македонија, фановите може да дадат поддршка и со украсување на позадината на вашиот мобилен уред со содржина од Фудбалската Репрезентација на Македонија.

Да, “Сега е наше време и Напред Македонија“.