Откако ситуацијата со Ковид-19 во Турција, а посебно во Истанбул, деновиве драматично се влоши, вообичаено низ фудбалска Европа започнаа шпекулациите дека УЕФА можеби ќе мора да го менува градот домаќин. Да потсетиме дема финалето е закажано за 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул

По овие шпекулации веднаш се огласи УЕФА со демант или поточно реакција.

Во истата стои дека Европската куќа на фудбалот нема намера да го менува Истанбул како домаќин на финалето во најпрестижното европско и светско клупско натпреварување и дека овој меч ќе се игра во Истанбул на 29 мај и тоа со гледачи. Дополнително ќе биде информирана јавноста за тоа колкава бројка на фанови ќе се дозволи да присуствува на стадионот на 29 мај.