Манчестер Сити го победи ПСЖ на гости со 2-1 во првата полуфинална пресметка во Лигата на шампиони. Францускиот тим прв поведе, но потоа следеше пресврт, на крајот премиерлигашот замина со целиот плен.

Во една ситуација Марко Верати направи фаул, а Пеп Гвардиола тргна со кон судиите, бараше жолт картон. Верати го слушна тоа, па веднаш му одговори на тренерот на Сити на шпански:

„Што сакаш? Замолкни!, се зборовите на Верати кои беа заебелжани од страна на камерите.

Реваншот меѓу Сити и ПСЖ се игра во вторник.