Жозе Мурињо пред десет дена доби отказ од Тотенхем, но брзо најде нова работа. Португалскиот стручњак нема да биде менаџер на еден тим, барем засега, тој ќе има улога на критичар за време на Европското првенство.

Според најновите информации тој ќе биде главен колумнист во британски „The Sun“ во периодот од 11. јуни до 11. јули. Се претпоставува дека главна тема ќе биде англиската фудбалска репрезентација, но ако се земе карактерот на Мурињо, сигурно во дел од колумните ќе се најдат и другите земји учеснички на ова континентално натпреварување, на кое за првпат ќе игра и Македонија.

Со оглед на добрите партии кои нашите момци ги пружија во изминатиот период нема да биде ништо чудно ако се најдат на „радарот“ на „Посебниот“.

Македонија во групната фаза на ЕП ќе ги одмери силите со Австрија Украина и Холандија.