Поранешниот 12-ти светски рекет, српскиот тенисер Виктор Троицки, кој е нов капитен на српскиот Дејвис куп тим, најави дека ја игра последната сезона во својата активна кариера.

„Јас веќе сум спортски ветеран. Наскоро ќе ја завршам кариерата и планирам да играм само на уште неколку турнири во блиска иднина. Јас си дадов збор дека ќе ја завршам карирата оваа година. Преминувам на друга работа поврзана со спортот, а тоа е тренер. Се радувам на новиот предизвик и се надевам дека сè ќе биде добро“, вели Троицки.

Троицки е носител на три титули во АТП и освојувач на Дејвис купот во 2010 година со српската репрезентација.