Најдобриот грузиски тенисер Николоз Басилашвили триумфираше на АТП 250 турнирот во Минхен откако во финалето го победи домашниот тенисер Јан-Ленард Штруф со 6:4 и 7:6(5). Со триумфот Басилашвили освен предвидената парична награда од околу 80,000 евра си доби уште трофеј, традицонални баварски панталони и автомобил БМВ.

Со тоа Басилашвили стигна до својот петти трофеј на АТП турнирите односно ги доби последните пет финални натпревари.

Серијата почна во јули 2018 со победата на Германија опен, потоа триумфираше во Кина (2018), Хамбург (2019), Катар (март 2021) и сега Баварија опен во Минхен.