Уште одсега германските медиуми шпекулираат што ќе се случува во тимот на Баерн Минхен по завршувањето на актуелната сезона.

Веќе е познато дека ХАнси Флик заминува и дека нов тренер е Џулиан Нагелсман, а денешен Билд пренесува дека прва желба на новиот кормилар на Баварците е сегашниот играч на тимот на Ливерпул, Џеорџини Вајналдум.

Нему договорот со Ливерпул му завршува, па тука Баерн би можел сериозно да профитира.
Од друга страна пак се пореално е Роберт Левандовски со своите 33. години во моментов исто така да замине, а неговиот агент Пини Захави веќе наводно преговара со Челзи односно Реал Мадрид. Истиот агент веќе склопува договор за Давид Алаба во Мадрид.