Фудбалерот на Барселона Жерар Пике е еден од сопствениците на компанијата Космос Тенис која ги откупи правата на Дејвид купот па така форматот на тоа натпреварување е изменет. Тенисерите не се среќни поради тоа, имаше многу критики, а меѓу нив е и германскиот тенисер и поранешен број 1 Александар Зверев.

Не можете со пари да уништите 120 или 130 години тениска историја. Посебно ако сте фудбалер. Не можете да дојдете и само да кажете ’од сега вака ќе играте’ и одеднаш сите тоа го прифатат. Гледате што се случи со објавувањето на Суперлигата во фудбалот. Тоа ме прави тажен“, изјави Германецот.

На неговите коментари се приклучи и поранешниот најдобар играч на светот во двојки Николас Махут.