Капитенот на Брегалница, Ристе Наумов не го крие задоволството од фактот дека неговиот тим на две кола до крајот во ВМФЛ – ИСТОК, и официјално ја оствари целта, а таа е враќање во елитата на мак – фудбалот.

Вчера со триумфот над Кожуф од 3:0 штипските “сини“ ставија печат на првото место на Истокот и пласманот во ПМФЛ наредната сезона.

Минатата година само пандемијата не спречи да се вратиме во ПМФЛ, но сезонава предвреме ја остваривме зацртаната цел. Повеќе од заслужено е враќањето во елитата. Брегалница покажа дека е најдобриот тим во оваа второлигашка конкуренција“ вели Наумов.

Што се однесува за очекувањата од следната сезона…

Посакуваме со добри засилувања да бидеме максимално конкурентни во Првата лига. Желбата е да бидеме стабилен прволигаш кој воопшто нема да игра епизодна улога. Но, за сето тоа, секако дека има време, најпрво треба да довршиме сезоната“ заклучи Наумов за клупскиот сајт на Брегалница.