Себастијан Кел, директорот на Борусија Дортмунд за „Спорт 1“ ги коментираше заканите на менаџерот Мино Рајола дека доколку Дортмунд не го продаде Халанд, тој ќе преговара со Баерн Минхен за негов трансфер.

„Не сме изненадени од неговата изјава. Тој е менаџер кој ќе сака да заработи повеќе пари од својот клиент. Јас можам само да потврдам дека следната сезона Халанд ќе биде дел од Борусија Дортмунд“, истакна Кел.

Во Германија се поголеми се шпекулациите за заминување на голгетерот откако Борусија Дортмунд е далеку од Лигата на шампионите, меѓутоа и самиот Халанд кажа дека сака да остане во Дортмунд уште една сезона.