Ренова вчера против Беласица победи со 3:1 и освои големи и екстра значајни три бода во битката за опстанок. Интересно, сите три гола беа дело на еден фудбалер, и тоа на Ален Јашароски кој во последно време игра во голема форма, но вчера буквално “експлодира“ кога беше и најпотребно. Значи на крилата на Ален екипата на Ренова е на пат да се спаси од испаѓање. Струга ТЛ одигра вчера во Гостивар против Шкендија уште еднаш одлично и успеа да победи со 2:0. Алтипармаковски и Мециновиќ по обичај даваат тон на играта на стружани. Македонија ЃП извлече бод кај Шкупи, дефанзибвецот Чарлстон беше на ниво, кај домашните пак одличен беше Диак. Пелистер ја победи А. Пандев, Гоудиаби уште еднаш фантастичен, дефабзивецот Илијовски одличен а голманот Талески на 1:1 му одбрани пенал на Радески. Мишов му донесе бод на Борец среде Кратово, а Работнички рутински беа некоја посебна мака го победи Вардар со 3:1. Два од трите гола беа дело на Ѓурѓевиќ и Силјановски.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АЛЕН ЈАШАРОСКИ

Тим: Ренова

Роден: 06.11.1991 во Скопје

Кариера: Металург, Скопје, Хорзонт Т, Еуромилк, Работнички, Македонија ЃП, Шкупи, Приштина, Ренова