Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победник е на ГН на Португалија во шампионатот на Формула 1.

Хамилтон стартуваше од второто место, но после „летечкиот старт“ во седмиот круг, откако се повлече сигурносното возило поради инцидентот меѓу Антонио Џованци и Кими Раиконен, падна на третото место.

Меѓутоа Хамилтон успеа брзо да се врати на второто место откако Ферстапен направи грешка, па потоа потрагата за Ботас траеше кратко, па така Хамилтон ја превзеде првата позиција.

Од тој момент Британецот не ја испушташе предноста, освен во боксот, па без проблеми стигна до 97. триумф во кариерата.