Ќе има проблем тимот на Кајсериспор, а со него и нашиот интернационалец Даниел Аврамовски да обезбеди опстанок во најдоброто турско фудбалско друштво сезонава.
Предмалку одиграа 1:1 на гостувањето кај Малатијаспор и о освоија само 39. бод сезонава, што ги поставува на 17. позиција, само едно  погоре од оние кои водат во ранг подолу.

Аврамовски беше во стартната постава за гостите на овој меч, и играше се до 69. минута. Гостите и водеа на овој меч со голот на Парлак, асистент беше Бесарт Шабовиќ, но сепак, не успеаа да издржат до крај и да не примат гол.