Валенсија го отпушти тренерот Хави Грасија откако тимот вчера загуби од Барселона со 3:2. Со овој пораз Валенсија падна на 14-то место на табелата во Ла Лига, а нема победа на последните шест натпревари.

До крајот на првенството останаа четири кола, а никој не очекуваше дека екипата ќе се најде во позиција да стравува за опстанокот. До крајот на сезоната со првиот тим ќе работи Воро Гонзалез.

Грасија го водеше тимот на 38 натпревари, при што забележа 11 победи, 12 реми и 15 порази, трет најслаб скор во историјата на сите тренери на клубот од „Местаља“.