На потврда на клубот, шпанските медиуми штотуку информираа дека Рафаел Варан го повредил адукторот и дека нема да биде во можност да настапи за тимот на Реал Мадрид на гостувањето кај Челзи в среда во рамките од реванш полуфиналето од Лигата на Шампионите.
Ова секако дека е голем удар за Мадрид, кој и онака кубури со одбраната, па според истите информации, и медиуми, многу е веројатно во тимот принудно да се врати Серхио Рамос.
Тој исто така долго време беше на листата на повредени, и од јануари наваму има одиграно само 125 минути но со оглед на важноста на мечо, можно е да се појави во стартните единаесет.
Првиот меч во Мадрид заврши 1:1.