Вест Хем и натаму е „жив“ за пласман во Лигата на шампионите, со победата над Барнли на гостински терен од 1:2. Иако губеа со гол од белата точка, сепак, Михаил Антонио постигна два гола за брзо време, и ги сврте работите со позитива кон тимот од Лондон.

До крајот на мечот лондонскиот тим ја задржа предноста, и на крај обезбеди триумф за цврсто петто место, но и шанса да се „брка“ Челзи на табелата и да се обезбеди пласман во ЛШ.