Големото аргентинско дерби меѓу Розарио и Њувелс Олд Бојс заврши со победа на домашните од 3:0, но истото беше во сенка на инцидентот кој се случи уште во третата минута. Имено во моментот кога домашниот тим започна да изведува корнер, во казнениот простор се појави дрон.

Од него висеше порака која ги исмејуваше гостите, а еден играч на Розарио успеа да го собори.

Потоа следуваше уште еден атак од Пабло Перез, кој успеа со копачката целосно го уништи дронот.