Веројатно малкумина веруваа дека актуелниот НБА шампион ЛА Лејкерс ќе мора од „петни жили“ да запне за да обезбеди директно место во плејофот оваа сезона. Лејкерси се шести во поредокот на Западот со 36 победи и 28 порази, скор кој го има и седмиот Портланд.

Шестото место носи директен пласман во плеј-офото, но седмото, сепак ќе го однесе тимот во оној плеј-ин натпревар кој ќе ги одреди последните двајца учесници во последната фаза од сезоната. Оние кои ќе се пласираат од 7 до 10 место во регуларниот дел од сезоната, ќе се борат за овие места.

Токму оваа иновација од НБА го налути и Леброн Џејмс. Тој беше видно незадоволен од третиот последователен пораз на неговиот тим, кој синоќа загуби од Торонто со 114:121, бидејќи на прес-конференцијата по натпреварот го рече следново:

„Оној што ја измислил оваа глупост мора да биде отпуштен“.