По заминувањето на Јулијан Нагелсман, РБ Лајпциг брзо најде замена во лицето на Џеси Марш, а тој уште од првиот ден како нов тренер на Бундеслигашот поставил услови пред раководството на клубот.

Според германските медиуми, Марш во прв ред сака да го задржи во тимот на подолг рок австрискиот репрезентативец марсел Сабитцер.

27-годишниот организатор на играта на РБ Лајпциг има договор до 2022 година, но со самиот факт што ќе влезе во последната година од договорот следната сезона тоа може да создаде нови проблеми за Марш.

Според информацијата на магазинот „Кикер“, Сабитцер ќе добие покачување на платата за потпис на нов договор во период од 3 години. Покрај него, понуди за нови договори ќе добијат и Форсберг и Халстенберг, чии договори исто така истекуваат во 2022 година.