Вест Хем е заинтересиран за напаѓачот на Челзи Тами Абрахам, пренесуваат англиските медиуми. Но „сините“ веднаш поставиле неверојатна цена од 40 милиони фунти. Тренерот Дејвид Мојс ја отпиша можноста да го ангажира овој играч во редовите на „чеканите“.

Нема шанси. Немаме потреба, а и немаме намера да купуваме напаѓач за толку пари. Повторувам: Нема шанси! Со сигурност можам да ви кажам дека со таква цена ние нема ниту да влеземе во преговори. Нема да потрошиме толку пари на ниту еден фудбалер “, изјави Мојс.