Одличен  настап на некогашниот талент на Реал Мадрид, нашиот Доријан Бабунски денеска во дресот на Ботев Браца. Имено Бабунски во меч од плеј-аутот во елината лига на Бугарија, на мечот против Еитар влезе во игра во 46.минута при резултат 0:0. Веќе во 7.минута постигна гол за водство од 1:0 на својот тим, а во 90.минута му асистираше на стрелецот Ивајлов за 2:0 и за победа и големи три бода на својот тим.

Да потсетиме дека Доријан Бабунски, помалиот брат на Давид, беше во младинската школа на Реал Мадрид. Потоа кариерата го носеше во Фуенлабрада, Олимпија, па Радомље за да оваа зима од Јапонија се врати во Европа, и стана член на бугарскиот клуб Ботев Враца.