Парма е вториот тим кој идната сезона ќе игра во Серија „Б“ откако вечерва загуби на гостувањето кај Торино со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Мргим Војвода во 63. минута, гол кој значеше и дефинитивна преселба на Парма во понизок ранг после  три години настап во Серија „А“.
Покрај Парма, во втората лига се сели и Кротоне. Торино, пак, со оваа победа направи огромен чекор кон опстанокот.