Мароканскиот репрезентативец Ашраф Хакими со Интер ја освои титулата во Серија А. Тој минатото лето прејде од Реал Мадрид на „Џузепе Меаца“ за 40 милиони евра. Сега под раководство на Антонио Конте триумфираше во Серија А со што е прекината доминацијата на Јувентус.

Мојата прва сезона ја оценувам многу позитивна. Одигравме неверојатно и заслужено сме шампиони“, изјави Хакими за „Ел Чирингито“.

На прашањето зошто го напуштил Реал Мадрид.

Луѓето велат дека сакам да играм постојано и дека поради тоа си заминав, но тоа не е точно. Мадрид ми беше омилено место, мојот дом и сакав да останам. Меѓутоа тие (во Реал) одлучија поинаку. Поради економската криза предизвикана од Ковид-19 морав да заминам. А дали ќе се вратам еден ден? Не знам. Никој не ми се јави, тие имаа шанса да ме потпишат минатата сезона, но направија поинаков избор“, вели Мароканецот.