Во решавачкиот петти натпревар од четвртфиналето на плејофот во Евролигата, кошаркарите на Анадолу Ефес славеа против Реал Мадрид со 88:83 и успеаја да дојдат до третата победа во серијата за пласман на завршниот турнир.

Турскиот тим не дозволи по предноста од 2-0 во партии, Реал да се врати со комплетен пресврт и да стигне до третата победа која за нив ќе значеше место на Ф4 турнирот. Во полуфиналето, Анадолу Ефес ќе се сретне со ЦСКА Москва, која го елиминираше Фенербахче со 3-0.

Синглтон беше фантастичен со 26 поени, додека Мициќ постигна 18 поени.