Навистина апсурдна ситуација во која во главна улога се најдоа фановите на АИК од Стокхолм. Според прописите, донесени во време на корона, на еден меч на трибините можело да има само 8 гледачи, а стадионот на АИК има капацитет од 50.000 гледачи. Фрапантно.

Имено има забрана за собирање на гледачите на едно место, на стадион.

Но затоа нема забрана за собирање во трговски центар.

Па затоа фановите на АИК се собраа во еден трговски центар во Стокхолм и направија фешта.

Ова што се случи во Шведска, ја дигна речиси цела Европа на нозе, дури сега се гледа колку се некои мерки толку противречни што навистина секој коментар е беспотребен.