По троиумфот на неговиот тим РФС над екипата на Ноа со 4:2, и голот кој Дарко Мицевски го постигна во второто полувреме, нашиот интернационалец се најде во тимот на колото во шампионатот на Летонија.

Неговиот тим РФС одлично ја стартуваше сезоната и е во моментов на втората позиција со четири победи од седум мечеви.

Мицевски пак веќе постигна два гола и зазема стандардно место во екипата.