Шпанската Ла Лига отвори истрага откако фудбалерите на Барселона присуствувале на забава во куќата на Лео Меси. Со тоа го прекршиле протоколот за заштита од Ковид-19 како и забраната за групирање пропишана од епидемиолозите и Властите.

На забавата на Меси освен ѕвездите присуствувале и младите играчи како Мингуеза, Пења, Тенаса, Морибе, Де ла Фуенте…

„Видовме фотографии и знаеме дека организирале забава. Ќе истражиме и ќе видиме кои следни чекори ќе ги преземеме“, изјавија од градот Барселона.

Барса во сабота го игра дербито со Атлетико со што може да се искачи на првото место на табелата и да се приближи до титулата.