Конечно добра вест за Реал Мадрид, односно стратегот Зинедин Зидан пред утрешниот возвратен полуфинален дуел против Челзи во Лондон во Лигата на Шампионите.

Имено повеќе од сигурно е дека “кралевите“ ќе сметаат на Марсело, бразилецот со шпански пасош кој мораше да биде контролор на едно избирачко место во текот на денешниот ден во Мадрид. Сепак левиот бек со помош на Реал, се договорил со изборниот штаб кој го ослободил од обврските. Познато е дека во Шпанија ако нема добра причина било кој и да е, мора да се стави во служба на организирање на изборите.

Тоа значи дека Марсело патува во Лондон и ќе биде во комбинација за мечот со Челзи.

Познато е дека Зидан за овој меч нема да може да смета на Рафаел Варан и Лукас Васкез, додека мали се шансите Серхио Рамос да го почне мечот. Капитенот на Реал пред неодамна им се врати на тренинзите.