По дефинитивното за заминување на Фонсека, актуелниот тренер на Рома по крајот на сезонава, на негово место на клупата на овој легендарден Римски клуб, доаѓа ни повеќе ни помалку туку Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ не беше долго време без ангажман по отказот во Тотенхем и онаа ситуација со Суперлигата. Ја презима екипата на Рома на стартот на следната сезона и ќе се обиде да го врати тимот во битката за највисок пласман.

Со ова се решени две прашања кои беа тема на светскиот фудбал. Кој ќе го замени Фонсека и каде ќе продолжи Мурињо.

Многумина се прашуваа дали португалецот реално ќе добие уште една шанса да води некој европски великан, се споменуваше и Валенсија како негова следна дестинација но очигледно Рома не само што беше поактивна туку и по решителна да му даде шанса на трофејниот но доста контраверзен тренер.