Кошаркарската федерација на Македонија се подготвува за организацијата на првото издание на кошаркарскиот куп со името на прославениот македонски кошаркарски ас, „Благоја Георгиевски – Буштур“. КФСМ ќе биде домаќин на настанот во СРЦ „Кале“, каде најпрво девојките на 7 и 8 мај, а потоа и мажите од 14 до 16 мај ќе се борат за трофејот во националниот кошаркарски куп.

Попладнево комплетирани се имињата на сите учесници на завршницата. Кај мажите тоа се елипите на Работнички, МЗТ Скопје А., Пелистер, ТФТ, Гостивар, Еуро Никел, Куманово и ФМП Академија, додека кај дамите четирите клуба кои ќе се борат за куп-трофејот се: Бадел, Вардар, Крива Паланка и Баскет Кам.