Кошаркарите на Олимпија Милано ја добија „мајсторката“ против Баерн со 92:89 и со вкупен резултат од 3-2 се пласираа на Ф4 турнирот во Евролигата.

Италијанскиот великан дојде до Фајнл фор за првпат по 29 години и ќе се обиде да ја освои европската титула по четвртипат во историјата.

Избраниците на тренерот Еторе Месина не дозволија Баварците да станат првиот тим во историјата кој се вратил од негатива од 0-2, иако прокоцкаа голема предност од првите три четвртини и дозволија Германците да се вратат во трка за победа на самиот крај на мечот.

Милано влезе со плус 14 во последната делница, но на 8 секунди пред крајот Баерн се избори за само минус два (91:89). Сепак, на крајот домашните останаа со студена глава и дојдоа до победа.