Робин ван Перси повторно се врати во Феенорд, но сега како тренер. Претходно во два периоди беше играч, а таму ја заврши и играчката кариера, па сега потпиша договор како тренер.

Тој ќе биде тренер на тимот до 16 години каде што игра неговиот син Шаквил. Истовремено Ван Перси ќе биде дел од стручниот штаб на првата екипа на Феенорд и ќе носи талентирани фудбалер од младинските категории во А тимот.

Ван Перси како играч на Феенорд освои Куп на Холандија во 2018, истата година и Суперкуп на Холандија како и Куп на УЕФА во 2002 година. Играше за Арсенал и за Манчестер Јунајтед.