УЕФА тукушто информираше дека годинешното финале од Лигата на Европа дефинитивно ќе се игра пред гледачи. Нормално капацитетот ќе биде ограничен и ќе биде во рамките на ковид правилата кои сеуште важат во моментов, и дека ќе биде дозволено присуство на 9500 гледачи.

Со оглед на фактот дека финалето се игра во Гдањск, Полските власти одибриле толкава бројка на навивачи на стадионот, иако истиот има капацитет од 40.000 гледачи.

 

Финалето ќе се одигра на 26 мај, а навивачите до петок можат да се пријават за влезници.